Арсовска назначи нов директор на „Комуналец“

Јовановски на позицијата директор на „Комунална хигиена - Скопје“ доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат

од Nikola Popovski
65 прегледи Фото: Комунална хигиеа - Скопје

Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, информираа од Град Скопје. Тој на позицијата директор на Комунална хигиена Скопје доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој.

-Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти.

Јовановски има високо образование за менаџмент на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, и стекнат меѓународен сертификат за Институционални пристапи за заштита на животната средина.

Со своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и приватниот сектор, Јовановски ќе придонесе во КХС Скопје за унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпад и одржување на чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во градот Скопје, стои во соопштението од Град Скопје.

Проблемите со „Комунална хигиена“ не престануваат. Се собира отпадот, ќе има нафта до избори. Управниот одбор на „Комунална хигиена“ утрово побара од градоначалничката итно да назначи в. д. директор на претпријатието. Велат дека во моментов се при крај резервите со нафта наменета за специјалните комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад, што не може да се набави без потпис на в. д. директор.