286
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје од денеска има нов директор. Како што информираат од градската администрација, со претрпријатието ќе директорува Виктор Панчевски.
Според Град Скопје, Панчевски доаѓа на позицијата како професионалец од јавното претпријатие Паркови и зеленила, „со силна биографија кој значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие“.
-Во наредниот период ЈП Водовод и Канализација, реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието, велат од Град Скопје.