318
Град Скопје попладнево информираше дека Драган Илиевски е нов в.д. директор на скопската Зоолошка градина.
-Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор. Дипломиран машински инженер е на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а има завршено магистерски студии по Економија, велат од Кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска.
Илиевски доаѓа на позицијата по разрешувањето на претходникот Кристијан Стаменов, после скандалот со убиени 10 коњи во ЗОО Скопје за месото од нив да се користи како храна за животните. Тој заедно со уште вработени лица добија кривични пријави.