Град Скопје попладнево информира дека сменети се директорите на три скопски јавни претпријатија. Драги Кушовски ќе биде нов директор на ЈСП „Скопје“, Мартин Ангеловски на ЈП „Паркови и зеленило“ и Ванчо Умленски на ЈП „Улици и патишта“.
„Кушовски, Ангеловски и Умленски доаѓаат на позициите како професионалци од приватниот сектор, со поединечни портфолија секој повеќе од 15 години работно искуство на раководни позиции. Во следниот период ќе се посветат на отстранување и надминување на предизвиците со кои јавните претпријатија се соочуваат континуирано во изминатите децении, унапредување на работата на претпријатијата и реализација на програмските активности и проектите“, стои во соопштението на Град Скопје.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска веќе промени над 50 директори откако дојде на чело на градската власт во 2021 година, од кои неколку нови имиња во текот на една година на истите директорски места.