Арсовска не ги разбира критиките: Ветувам следната година ќе украсуваме уште од 20. септември

од Nikola Popovski
2,4K прегледи

Како ќе оправдаат после мандатот, кога ќе треба да платат 300.000 евра за украсување за Нова година? Над 2 милиони евра земале изминативе години. Сега по јавен повик, украсувањето чини 30.000 евра. Ние славиме Божиќ на 7-ми јануари, секоја година во исто време. Јас им ветувам на граѓаните дека следна година од 20-ти септември ќе почнеме да украсуваме, за да биде навремено и да не се чувствуваат дека не сме почнале на време, изјави синоќа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска откако во претходниот период беше на удар на критики од јавноста поради украсувањето на градот.

Според неа, во земјава има посериозни проблеми како „крадење 30 години, приватизација, бркање илјадници луѓе од работа, тоа не е тема на разговор тоа што секој ден му ја цицаат крвта на народот, ама тема била елката зошто била 30 илјади евра“.

-Некој го боли што утре нема да може да краде во градот. За мене поважно е сите овие ранливи категории на граѓани кои што имаат топол оброк и да имаат место каде да преспијат. Купивме две возила и сега имаме 11 за децата со попреченост и лицата со телесни и физички инвалидитетит, за да им овозможиме превоз, рече Арсовска во емисијата „Тешки муабети“.

Како што кажа градоначалничката, градот има седум елки и плоштадот е украсен.

Слични содржини