Арсовска: Не може да им се дава ситно на општините, а да се очекуваат големи проекти

од Берта Китинска
211 прегледи

На седниците на ЗЕЛС, се детектирани зголемените сметки на ниво на сите општините, особено на оне каде им се еднострано прекинати договорите со дистрибутерите на електрична енергија, кажа градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во емисијата 24 анализа.

– Со една и две фактури по новиот начин на наплата на општините им се троши целиот буџет и потоа се трошат сретства од проектите кои биле наманети во интерес на граѓаните. Сега се наоѓаме и во здравствена, економска и енергетска криза и беа доставени конкретни мерки во делот на снабдувањето со струја. Едно од барањата беше финанска надомест на разликата во цената која се јавува од пред раскинувањето на договорите до оваа позиција, рече Арсовска.

Таа вели дека од децентрализацијата општините добиваат малку сретства и ова сега кое е во собраниска процедура е скалесто зголемува во период од неколку години. Дел од општините немаат сретства за развојни проекти.

– Не може да ми се дава ситно на општините, а да се очекува тие да реализираат големи проекти. Не се детектира проблемот зошто тие имаат со години наназад големи долгови во општините. Големи се долговите на локалната самоуправа. Имаше над 80 милиони евра долгови па владата им помагаше и покри дел со 51%, но останаа на половина на долговите кои се се дуплираа, кажа Арсовска.