Арсовска не се плаши за сопствената безбедност, иако тврди дека закани постојат

од Nikola Popovski

Не сметам дека постои доволно силен маж кој ќе ми ја загрози безбедноста. Закани постојат. Не сметам дека треба да се плашам за сопствената сигурност. Чашата ја прели нешто што некој веднаш застана во одбрана на другата страна и корупцијата. Барем јас додека сум за градоначалник во град Скопје, ќе ги штитам интересите на граѓаните. Некој ги криел процесите во овој период од мене, рече градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска за „војната“ меѓу неа и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовска информира дека во моментов нема обезбедување.

Според неа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е многу подобро запознаен со тендерската постапка за пречистителната станица на „Водовод“, отколку некој во Градот Скопје.

-Пред самите избори немав договор со партијата. Функциите не им се отсекогаш дадени. Треба да го остваруваат интересите на граѓаните, вели Арсовска во гостувањето на емисијата „Клик плус“ додавајќи дека кадрите од најголемата опозициска партија во скопските јавни претпријатија „ги дале отказите како на копче“.

Слични содржини