Арсовска: Нема да се исклучува јавното осветлување во Скопје, безбедноста мора да биде на првото место

од Берта Китинска
100 прегледи

„Градот Скопје по ниту една цена нема да го исклучи јавното осветлување на булеварите и сите делници коишто се под градска надлежност. Во однос на штедењето отпочнавме со малку поинаков пристап, штедиме секаде онаму каде што можеме, но не на штета на граѓаните. Тоа значи дека безбедноста и сигурноста на граѓаните мора да бидат на првото место”, вели градоначалничката Арсовска во вечерашното гостување во „Жешко политичко лето“.

Според неа, безбедноста и сигурноста на скопјани треба да биде на прво место, имајќи во предвид дека дел од општините почнаа да ги гасат своите јавни осветлувања.

„Доколку прашате било кој што живее во Скопје дали сака да шета во вечерните часови во целосен мрак, јас сум сигурна дека ќе ви каже дека не сака да шета во мрак бидејќи така се чувствува небезбедно и несигурно”, вели таа.