Човекот лично ме напаѓа, се обидува да ме дисквалификува, ги негира моите квалификации и ме деградира како личност, вели кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска за тоа што зошто одбива да седне на тв дуел со градоначалникот Петре Шилегов.
Таа информира дека Шилегов на градоначалничкиот профил објавува видеа со кои ја исмева како личност.
-И тој смета дека тоа е демократија, а тоа што не сакам да седнам на маса со него не е демократија. Шилегов не го разбира концептот на демократија. Треба да ми се извини затоа што човечки е да се извините ако згрешите. Како второ, до овој момент верувам дека тој не е достоен човек за да биде градоначалник, рече Арсовска во емисијата „24 анализа“.
Таа категорично негираше дека има бугарско државјанство.
-Каде се информациите дека сум била донатор на политичка партија, каде се информациите дека наводно сум била муслиманка? Знам во каква борба влегувам и знам дека немам ниту една дамка, а тие имаат многу што да изгубат, потенцира Арсовска.