„Прашајте го вашиот човек Орце Самка Ѓоргиевски дали уште сабајле ќе покрене акција за одговорност за демон градоначалникот на Гази Баба од ВМРО кој е фатен како загадува, создава диви депонии со неговото јавно претпријатие, пред носот на МВР и со партиска полициска заштита“ – ова претпладнево го објави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, прикажувајќи видео од, како што вели, вработени во Општина Гази Баба кои организирале создавање и палење депонии.
Според Арсовска, Општината Гази Баба и нејзиното јавно претпријатие се затекнати во незаконски активности кои директно ја загрозуваат животната средина и здравјето на граѓаните.
„Возила со општински ознаки, кои само пред една недела добија нови црвени таблици заради разграничување од комерцијалните, се затекнати во создавање диви депонии на подрачјето на Јурумлери“, тврди градоначалничката.
„Иако е под општинска надлежност, наместо да ја исчистат Вардариште тие самите правеа депонии, кои откако ги запалија, од општината си нашле замена и почнале да прават диви депонии низ Јурумлери. По депониите кои со нашите инспектори ги откривме во Ѓорче Петров и Шуто Оризари, ова е најголем доказ дека општинските градоначалници ги прават дивите депонии кои потоа ги палат.
Тоа е единствената причина зошто ја саботираат и блокираат Комунална хигиенa преку нивните партиски кадри, за потоа да глумат едните спасители другите демони“, порача Арсовска.
Видеото од истурањето на отпадот можете да го погледнете на следниот ЛИНК.