Арсовска обвини за нов „епски криминал“ во Чаир: Како е возможно инвеститори со 12 и 15 години да градат толку многу високатници и притоа да заработуваат милиони евра?

од Nikola Popovski
115 прегледи

Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Како што посочи градоначалничката Арсовска, не станува збор за тераси или гаражи, туку за цели згради изградени спротивно на закон чија изградба, само на еден објект чинела над еден милион евра, а основните давачки како комуналии се над 1,5 милиони евра. Вели дека ова е криминал од епски размери.

-Како е возможно инвеститор со 12 и 15 години да гради толку многу високатници на едно место и притоа да заработува милиони евра. Половина држава е дивоградба. Ганиу во три години има направено повеќе дивоградби од цела Македонија да ги соберете сите предмети и да ги мултиплицирате со 100. Ганиу има 13 илјади предмети, порача градоначалничката.

Според Арсовска, во Општина Чаир има над 150 вакви згради по 12 ката без дозволи и проекти со кои буџетот на граѓаните е оштетен за 225 милиони евра, криминал, за кој како што нагласи знаел или требале да знаат градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и неговите соработници.

Арсовска приложи две официјални сателитски снимки од Агенцијата за катастар на недвижности од 2017 година каде на локацијата ги нема дивоградбите, а Законот за легализација пак важи единствено за објекти изградни пред 2011 година.

-Магично во втората половина на 2023 година отпочнува плоча, што станува зграда на 12 ката во 2024 година. Е сега, нас Висар Ганиу се обидува да не убеди дека се ова е легално. Иновацијата е што оваа зграда изградена во 2024 година ја аплицирал со свое барање извесен Беким Аземи, кој што е брат на претходниот 15-годишен иноватор, Бујар Аземи. Иновацијата е што Беким Аземи е најмладиот претприемач во Македонија во изминатото столетие. Тој според документацијата што е презентирана ја изградил оваа зграда во 2010 година кога имал само 11 години, а на 12 години своерачно поднел барање за легализација. Затоа и не е чудо што сме сме четврта најуспешна економија во Европа, затоа што нашите млади уште од 12 години градат згради во Чаир и стануваат милионери. Да резимирам, ова е криминал, изјави Арсовска.

Слични содржини