Арсовска: Очекувам Обвинителството да се одважи и да почне да постапува против организираната криминална банда во Чаир

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава со фалсификатите. Таму веќе се водат уште 2 постапки претходно започнати за Висар Ганиу од кои првата за фалсификување на целата архивска книга со броеви и барања за легализации, а втората за уште еден случај каде незаконски легализирале со уште еден соучесник, сподели градоначалничката Данела Арсовска.

„Очекуваме и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се одважи, да почне да постапува против организираната криминална банда во општина Чаир, која овозможувала градење незаконски на НЕБЕЗБЕДНИ згради со црни пари од нелегални извори, кои згради ги запишувале на лица кои наводно граделе на 5,6,10 и 11 години, а сега се милионери!“, додаде таа.