Арсовска од Тирана: Реализираме конкретни мерки за успешно справување со предизвиците и постигнување одржлив развој на градот

од Vladimir Zorba

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во Тирана учествува на првиот регионален форум на локални самоуправи за Западен Балкан организиран од Советот за регионална соработка, Налас и градот Тирана.

Во рамки на овој регионален форум, соопштија денеска од Градот Скопје, Арсовска заедно со градоначалници и заменици на главните градови Тирана, Подгорица, Приштина и Сараево разговарале за зелена трансформација на градовите во регионот, кои се предизвиците и можностите за нивно надминување.

– Град Скопје реализира конкретни мерки и чекори за успешно справување со предизвиците и постигнување одржлив развој на градот и зелена транзиција и тоа отпочнавме изградба на пњр нови мега паркови, ги трансформираме запуштените простори во паркови, отворивме прва биотехнолошка лабараторија со УНДП и УНИЦЕФ како едно од регионално најиновативните решенија за рециклажа и употреба на производи од био отпад, отпочнавме со проект прв од овој вид во Македонија за рециклажа и реупотреба на градежен отпад, во тек е двоен хакатон со AirCare и Brainster од кој ќе произлезе ИТ платформа за следење и пријавување на загадувањето на воздухот , воведуваме бесплатен јавен превоз за граѓаните од јануари 2024, предлог кој ќе се најде пред советниците за гласање со буџетот за следната година, истакнала градоначалничката на Град Скопје Арсовска, стои во соопштението.

Слични содржини