Арсовска открива: Рустеми од „Комуналец“ е пуштен од станица бидејќи потпишал изјава за членство во ВЛЕН

Арсовска: „Директорот на Комунална хигиена пуштен oткако признал дека е ВЛЕН во срцето и душата“

од Nikola Popovski
48 прегледи Фото: Принтскрин

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска синоќа објави дека директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми бил пуштен од полициска станица откако „признал дека е ВЛЕН во срцето и душата“. Арсовска тврди дека Рустеми не е виновен за ништо и дека работата ја вршел чесно и совесно.

-Оваа информација пристигна откако по неколку часа убедување во полициска станица, директорот на Комунална хигиена им кажал дека во срцето и душата е ВЛЕН, уште додека бил во станица му донеле да потпише изјава за членство по што е пуштен да си продолжи со успешната работа во претпријатието.

Во меѓувреме Мицковски и МВРО упорно бараат некој од ДУИ да го апсат како што ветија, тргнаа по Изет Меџити од ДУИ, па откако стана ВЛЕН си го земаа во коалиција, стои во објавата ан градоначалничката.

МВР уапси две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во Скопје.

Меѓу приведените е директорот на претпријатието, Сабахудин Рустеми, како и раководителот во скопски комуналец, Аки Саити. Обвинителството информира дека двајцата се осомничени за кривичното дело, загрозување на животната средина и природата со отпадни материи. Од претпријатието е одземена и документација во врска со случајот.

Според членот 230 од Кривичниот законик, тој што складира, остава или расфрла отпадни материи или постапува со нив, на начин на кој се загрозува животната средина ќе се казни со казна затвор од три месеци до три години. Но, казната може да се изрече до висина од 10 години ако делото предизвикало инфективност, канцерогеност, мутагеност. Премиерот Мицкоски навести дека хаосот со сметот во Скопје ќе добие разврска.

Арсовска вчера преку објава порача дека претседателката на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ Јулијана Спировска, нема да ја апсат бидејќи има албум со сликички со сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ“.

Арсовска: Претседателката на Управниот одбор на „Комуналец“ нема да ја апсат бидејќи има албум со сликички со сите функционери на ВМРО