Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска потенцира дека со блокадата на ребалансот на Буџетот нема да се реализираат работите кои што се неопходни за граѓаните на Скопје.
-Едноставно со намера се блокира за да не биде функционално. Нема образложение. За жал, некогаш суетата е посилна од интересите на граѓаните и интересот на Скопје како град. Спорни се неколку амандмани и сега сме во оваа ситуација, рече Арсовска во емисијата „Студио 10“.
Арсовска потенцира дека „ВМРО-ДПМНЕ свесно го доведе Градот во оваа ситуација“.
-Оние луѓе што работат во градската администрација и во јавните претпријатија треба да бидат на задачата. Ние се соочивме со голем број на луѓе што или ништо не работат во целиот ден или воопшто не одат на работа, а земаат плата. Детектиравме дека во изминатите 4 до 5 години, живеат активно во Германија, воопшто не се дојдени овде, а земаат плата секој месец. Тие работи ги прекинавме сега и нормално дека отпорот е голем. Цели партии си го вработувале своето членство, рече меѓу другото градоначалничката.