Арсовска подели новогодишни пакетчиња на деца во домот „Даре Џамбаз“

од Nikola Popovski
271 прегледи

Градот Скопје информира дека градоначалничката Данела Арсовска поделила новогодишни пакетчиња на дечиња во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз”.

– Арсовска денеска во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз” се сретна со членови од Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ и на дечињата им подели новогодишни пакетчиња. Градоначалничката ја искористи оваа можност директно да разговара со родителите на децата, околу проблемите со кои тие се соочуваат секојдневно. Подобрувањето на условите за живот на лицата со попреченост, посебно најмладите е една од главните цели на градската администрација, што и е предвидено во новата програма за следниот четиригодишен период, стои во соопштението од градот.

Слични содржини