Арсовска покажа документ: Една фамилија има над 40 вработувања во „Комуналец“, друга над 30

од Nikola Popovski
634 прегледи

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска синоќа на вонредната прес-конференција поради случувањата во „Комунална хигиена“, покажа документ на кој се виде повеќе вработени лица со исто презиме во јавното претпријатие.

-Една фамилија има вработено се што му е род до шесто колено. Од една фамилија има над 40 вработувања, а од втора фамилија има над 30 вработувања и овие мафијаши повеќе нема да бидат толерирани во Градот Скопје. Се надеваме дека институциите ќе продолжат да постапуваат и дека на штета на граѓаните, повеќе никој нема да дозволи ова што се случува изминатите два дена во градот Скопје, рече Арсовска.

На листот што го покажа градоначалничката, можеше да се забележи презимето Дардишта.

Дардишта се презива и синдикалниот претставник, кој во четвртокот доби отказ од директорката на јавното претпријатие, Косана Мазнева.

Слични содржини