Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска информираше дека Градот заедно со Министерството за животна средина извршил мерење на испуштањето на гасови на Цементарницата „Титан УСЈЕ“ во општина Кисела Вода.
-Забележани се големи концентрации на штетни честитчки кои значително допринесуваат кон нарушување на квалитетот на воздухот во Скопје. Мерењата се извршени на 26-ти и 267-ми декември 2022 и 3-ти и 4-ти јануари оваа година. Измерени се огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честички. Во месец декември измерени се три пати повеќе пм-честички, рече Арсовска на вонредната прес-конференција.
Таа додаде дека инспекторите од Град Скопје со државниот инспекторат при МЖСПП забележале сериозно прекршувања кои што се спротивни на еколошката дозвола издадена од Министерството.
-Дополнително за загадувањето од котларата за загревање на цементарницата утврдено е дека има надминување на граничните вредности на азотните оксиди при што е покажано двојно поголеми вредности од дозволените 350 милиграми на метар кубен. Како градоначалник презедов иницијатива за покренување на кривична постапка против Цементарницата „Титан УСЈЕ“ за непридржување на прописите за заштита и унапредување на животната средина, кажа Арсовска.