Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно го повика градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на телевизиски дуел . Таа преку неколку поенти во својата објава ги објасни последните изјави на Стојкоски на една дебатна емисија.
„Аце рекол: “Ги демантирам ставовите на градоначалничката на Град Скопје за наводна изградба на хемиска фабрика на територија на општина Ѓорче Петров” не се тоа ставови Аце туку факти, еве секој во Македонија кај тебе на веб страна може да ги види па и ти https://opstinagpetrov.gov.mk/…/sintezen_sz_16_gp.pdf
Аце рекол: “Ова се обиди на градоначалничката на Град Скопје да создаде хаос меѓу граѓаните.” Многу јако, јас сама а ти против мене со целата владеачка партија од 4тата економија во Европа со која изгласавте ДУП со хемиски фабрики.
Аце рекол: “Како да е фиксирана за општината Ѓорче Петров”. Па нели на Чаир бев фокусирана, што си се уплашил толку.
Аце рекол: “Арсовска работи, инвестира на други места додека пак во Ѓорче Петров не работи ништо“. Аце од сите нови 29 улици што ги имаш во Ѓорче, 27 ти ги направив јас!!!
Аце рекол: “Најодговорно тврдам пред целата македонска јавност дека на тој потег, ниту пак на било кој друг дел на територијата на општина Ѓорче Петров не постои локација на која што е предвидено или ќе се градат било каков тип на објекти од тешка индустрија“. Аце многу директно ти кажав 157.000м2 објекти хемиска индустрија која е класифицирана како загадувачка.
Аце рекол: “Објектот (Лафома) поседува сопствена пречистителна станица, под постојан надзор на Министерството за животна средина и сите релевантни државни органи” Аце нели не загадува хемиската индустрија, што тогаш пречистува фабриката и што го истура во Лепенец? Бидејќи знаеш многу за фирмата и ги застапуваш, ајде чекаме да ни кажеш??“, стои во објавата на градоначалничката.
Арсовска истакнува дека за сѐ ова има докази, а Стојкоски, како што вели, соопштение што му го напишале во штаб.
Стојкоски остро реагирашее на изјавите на градоначалничката во кои таа сугерира дека на територијата на општината се дозволува изградба на „хемиска фабрика“. Во отворено писмо до јавноста и медиумите, Стојкоски ги нарекува обвинувањата „сериозни, неосновани и тенденциозни“, оценувајќи дека целта е ширење паника и политичка конфузија.