Арсовска повторно го прозва Ѓорѓиевски: „Дали е дел од тимот кој го положил испитот по незаконски дивоградби кај Ганиу?“

од Nikola Popovski
119 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно го прозва градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Таа во својата објава го нарекува градоначалникот „Самка“.

„Орце Самка Ѓорѓиевски да одговори на јавноста и на ОЈО, дали е дел од експертскиот тим кој го положил испитот по предмет незаконски дивоградби кај Висар Вики Ганиу.

Види ова одговори на јавноста, не на мене. Јавноста е заинтересирана за овие дивоградби во Драчево, за кои има кривична пријава до ОЈО“, порача градоначалничката.

Претходно Арсовска обвини дека претседателот на општините на ЗЕЛС кој би требало да биде најповикан во борбата со урбаната мафија, „тера пикник со најголемите урбани мафијаши во Скопје – Изет Меџити и Висар Ганиу“. Исто така, преку пост на Фејсбук Арсовска, му порачува дека штом заврши со градоначалникот на Чаир и дивоградбите за кои обвинува дека ги гради и ги легализира незаконски, ќе се сврти и кон Кисела Вода.

Слични содржини