Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска попладнево информира дека има сомненија дека пожарот во фабриката „Треска“ е подметнат.
-Комшиите што живеат овде ни кажаа дека виделе лица кои имало на овој потег. Институциите да преземат се што е потребно, за да не се дозволи граѓаните да бидат заштитени. Она што го добив како информација е дека во неколку наврати има пожар во овој дел и сакам да верувам дека ќе се разреши оваа состојба тука. Не смее да се дозволи животот на скопјани да биде загрозени од неодговорни луѓе, рече Арсовска пред присутните новинари.
Според неа, се работи за објект кој е под стечај и побара надлежните институции да преземат мерки, да разговараат и да се превенира од вакви случаи во овој дел од градот.
-Треба да има најстроги мерки за оние што го направиле ова тука, додаде градоначалничката.