Арсовска: Прашајте ги МОК и Борко колку пари потрошија на ЕМОФ 2025 и на кои фирми ги поделија?

Тоа што некој на тацна ви го овозможил, од што сте заслепени од ароганција, крадење и лажење, не сте способни ни да го спроведете

од Vladimir Zorba
182 прегледи

„Јас ја донесов Европската младинска олимпијада 2025 во Скопје, но не ја организирав, кога требаше да се отпочне не исклучија и ја организираа МОК и Борко Ристовски“, повтори денеска градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

„Исто ја донесов и титулата Европска претстолнина на културата 2028, која исто така нема да ја организирам, немој и за ова да сум крива во 2028.

Тоа што некој на тацна ви го овозможил, од што сте заслепени од ароганција, крадење и лажење, не сте способни ни да го спроведете.

Град Скопје добиено 0 денари и потрошено 0 денари на Европската младинска олимпијада 2025, БИДЕЈЌИ НЕ СМЕ ОРГАНИЗАТОРИ.

Ако бевме организатори веројатно сами себе ќе се поканевме на церемонијата на отварање. Сега прашајте ги МОК и Борко колку пари потрошија и на кои фирми ги поделија“, додаде Арсовска.

Слични содржини