Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска до Советот на Град Скопје испратила иницијатива за итна седница со единствена точка на дневен ред – да му се помогне на младиот Леонид Индов.
-До советниците предложив да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а јас како градоначалникот на град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од градот Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид.
Од денес пак, градот Скопје како што беше најавено вчера, започнува со хуманитарната акција во сите јавни претпријатија, институции и училишта под надлежност на градот а во акцијата можат да се вклучат и сите граѓани на Скопје, стои во барањето на Арсовска.
Фондот за здравство изненадувачки го одбил барањето на младиот Леонид Индов за лекување во странство. Ова следува откако пред две недели тој беше првиот пациент кој беше испратен на лекување во Виена со камери и специјален хеликоптер.
Леонид Индов минатото лето доживеа тешка несреќа на летување во Грција, при што го повреди третиот, четвртиот и петтиот пршлен, па дише на респиратор и не може да ги движи екстремитетите. За него во неколку наврати се собираа донации за да може да се извршат потребните операции во Солун, но и за да го продолжи лекувањето.