Арсовска реди успеси: Поставени бројчаници на семафори во Скопје

од Vladimir Zorba
397 прегледи

Едно од ветувањата во предизборната кампања за локалните избори на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска беше поставувањето на бројчаници на семафорите, на крстосниците каде не се следи движењето од ЦУКС.

Покрај поставувањето на бројчаниците, реализирано е и ветувањето за враќањето на зелениот бран на делниците во надлежност на Град Скопје, велат од тимот на Арсовска.

Поставени се бројчаници на булеварот Христијан Тодоровски Карпош на семафорот на крстосницата со Натанаил Кучевишки, на крстосницата со Боца Иванова и на крстосницата со бул. Босна Херцеговина, а истите ќе бидат поставени дополнително и на уште неколку семафори за кои е детектирано дека се од важност за регулирање.