Арсовска сѐ уште чека тв дуел со Стојкоски: „Тоа што плаќате медиуми и партиски ботови да ве фалат, а другите да ги понижуваат, не значи дека сте во право“

од Nikola Popovski
53 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска сподели нова објава на социјалните мрежи за која, како што рече, „е за сите интелигентни и слободоумни граѓани, а на останатите им порача да не читаат“. Таа повторно го прозва градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

„Аценце ти се обраќам да се потсетиш, како неспособната што спиела 3 години ти направи 27 улици во 5 населени места во Ѓорче Петров. Ти ги направивме со скопското јавно претпријатие Улици и патишта Скопје, ти освен што се сликаше, не потроши ни денар, а не се ни заблагодари. Уште чекам да прифатиш ТВ дуел за ДУПот кој го донесе за да се изградат хемиските фабрики и 31 висококатници сред Ѓорче Петров. Тоа што плаќате медиуми и партиски ботови да ве фалат, а другите да ги понижуваат, не значи дека сте во право“, истакна Арсовска.

Претходно градоначалничката обвини дека се работи за површина од 157.000 м² и обвини дека, и покрај негативното мислење од Град Скопје за урбанистичкиот план, општината продолжила со неговото усвојување. Таа објави и делови од ДУП-от, тврдејќи дека истиот предвидува објекти со ознака „хемиска фабрика“.

Стојкоски остро реагирашее на изјавите на градоначалничката во кои таа сугерира дека на територијата на општината се дозволува изградба на „хемиска фабрика“. Во отворено писмо до јавноста и медиумите, Стојкоски ги нарекува обвинувањата „сериозни, неосновани и тенденциозни“, оценувајќи дека целта е ширење паника и политичка конфузија.

Слични содржини