Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска, од пред Соборниот храм каде се одржа централната свечена божествена литургија по повод Христово раѓање – Божиќ, им го честита празникот на сите православни христијани.
-На граѓаните би сакала да им посакам да бидат среќни, со добро здравје, весели, да живеат во благостојба, оваа година да биде подобра од минатата. Се надевам дека 2023-та ќе биде година во која ќе си помагаме, ќе бидеме хумани и солидарни, со што ќе ја направиме земјава подобро место за живеење, изјави Арсовска по завршувањето на литургијата.
Со литургијата во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, а покрај голем број граѓани, присуствуваа и претставници од јавниот и политичкиот живот.