Арсовска се појави во Советот: Мицкоски отвора чешми, наместо капитални проекти во Скопје

од Nikola Popovski
246 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска после подолг период се појави во Советот на Град Скопје, откако беше побарано нејзиното присуство. Таа истакна дека не можела да се појави на време бидејќи закажаната седница не била во бараниот рок, ниту во дополнителниот рок и не била известена.

-Не може некој да се појави кога веќе има однапред договорени обврски. Не сметам дека е нормално или треба да се откажува настан кој што е за доброто на нашите млади луѓе и каде што присуствуваа 300 млади средношколци. Тука слушам небулози на кој што сите граѓани им се јасни, рече Арсовска на седницата за обезбедување средства за помош на ЈСП „Скопје“.

Според неа, ниту еден проект за доброто на граѓаните нема да се откаже.

-Тоа вие господа мицковисти не можете да го разберете. Оовој мицковизам е погубен за градот и Македонија, рече меѓу другото градоначалничката.

-Како сакате во исто време и да нема приватен превоз и да има автобуси. Или е едното или е другото? Како сакате 220 автобуси кои што некој ги спроведува во јавниот превоз, а треба да се заменат со нови 250, за кои што не гласате, да се заменат кога се непостоечки? Секој еден мицковист ги ветуваше овие работи и одеше со мене заедно од врата на врата. Јас сликите со Мицкоски ќе ги вадам лично, да видат дека тој ги ветувал овие работи. Сега отвора чешми, наместо да отвора капитални проекти во градот Скопје, додаде Арсовска.

Градоначалничката обелодени дека претходен директор поставил 900 административци во ЈСП Скопје. Им порача на советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дека не се опозиција во градот и дека имаат свој претседавач на Советот.

-Мицковизмот е рак рана на македонското општество. Граѓаните добро знаат дека овој градоначалник не може да спроведе без вашите одлуки. 250 автобуси ветивте и вие и вие одевте од врата на врата. Не ветив само јас, децидна е Арсовска.

Слични содржини