Арсовска: Се што е ветено ќе биде реализирано, набавка на автобуси ќе има

од Берта Китинска
270 прегледи

Сето тоа што е ветено во програмата за модерно Скопје ќе биде реализирано, набавка на автобуси за јавен превоз ќе има, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Затоа што се сака да се вади од контекст морам да кажам некои работи. Нема буџет за набавка на автобуси за јавен превоз, бидејќи самите знаете во каква состојба е оставен буџетот. Но, набавка ќе има – рече Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање дали годинава ќе бидат набавени ветените 250 еко-автобуси.