Арсовска: Скопје не треба да биде на светските листи на најзагадени градови

од Nikola Popovski
398 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска смета дека претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески не успеал да менаџира и да гласаат 45 советници, од кои, како што вели, 23 треба да кренат рака за 600 евра месечно и да гласаат за нови автобуси и јавна чистота.

-Таму не раководи градоначалникот, туку претседателот на Советот кој треба да ги убеди своите советници дека треба да имаме квалитетен живот и чисти улици. Зошто тие не прифатат тоа што на маса им е поставено? Се што ќе дадат, јас ќе прифатам. Секој Буџет го гласаат за себеси, а не за градоначалникот и граѓаните, рече Арсовска во емисијата „Само интервју“.

Вели дека трпи секојдневни напади од ВМРО-ДПМНЕ како човек и жена и дека не сатанизира никого.

За загаденоста на воздухот во главниот град и високото рангирање на светските листи како што е платформата „IQAir“, Арсовска вели дека ранг-листата е за главни градови, а не за најзагадени градови во светот.

-Во градот Скопје имаме 10 општини и 14 институции, покрај нашиот Инспекторат, кои што имаат надлежност да постапуваат во случај на загадување и да санкционираат. На листата која што ја гледате на Интернет секојдневно ќе видите дека има 5-6 градови кои во континуитет се позагадени од нас, но тоа не значи дека ние треба да бидеме на таа листа. Сум кажала многу пати – тоа што го зборувам за загадувањето и го правам и го преземам е затоа што лично верувам во него. Сум била некој кој што бил болен од тешка болест и во семејството имал заболени и починати од рак и сакам за сите семејства и деца во Скопје и Македонија да живееме во почиста животна средина. Нашите институции во Скопје имаат излезено на повеќе надзор од сите останати единици на локална самоуправа заедно. Покренавме кривична пријава против УСЈЕ за која пто повеќе од две години нема никаква реакција. Таму загадувањето повеќекратно ги надминува максималниот број на дозволеност на негативните честички. Имаме детектирано загадувачи кои што креираат депонии и ги палат. Пред некој ден имавме 12 во исто време, рече градоначалничката.

Слични содржини