Арсовска смета дека Скопје може и без приватни превозници

од Nikola Popovski
265 прегледи

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска смета дека градот може да функционира и без приватните превозници.

-Беше објавен јавен повик на кој што на сите домашни македонски правни лица и превозници им беше дадена можност да се пријават доколку чесно сакаат да ја работат оваа дејност. Доколку не се пријавиле тоа кажува многу што се однесува до овој повик. Град Скопје може и без приватни превозници, го организираме јавниот превоз, правиме негова реформа. Ќе влеземе во процедура и за набавка на нови еколошки автобуси, нешто што е поддржано од Советот на Град Скопје за следната година. Со самото тоа што беа повикани домашните правни лица да се јават на огласот, а никој не се пријавил, тоа кажува многу, рече Арсовска.

Градоначалничката е децидна дека Градот нема долг кон приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“.

Слични содржини