Независниот кандидат за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска во вечерашнотогостување во Жешко политичко лето на Канал 5 телевизија истакна дека на скопјани ќе импонуди програма која ќе биде различна од се она коешто е досега понудено и ќе сепонуди од останатите кандидати, со поинаков и поиновативен пристап на кој ќе го водиградот, потенцирајќи дека со своето знаење ќе допринесе Скопје да биде современа,европска метропола.
„Јас политичар не сум и затоа мојот пристап ќе биде пристап на знаење, компетенции,базиран на сите мои меѓународни искуства коишто сум ги имала и имам како претседателна Сојузот на стопански комори на Македонија. Планирам тие најдобри практики да гиимплементирам во градот, меѓутоа, во овој период секој ден имам средби со скопјани, соцелни групи на граѓани коишто даваат свој личен печат во се она што треба да сеимплементира во мојата програма за да таа биде една финална целина којашто ќепрерасне во програма на градот Скопје. Сакам да порачам дека сум отворена за сите и ќебидам градоначалник на сите скопјани. ”, изјави Арсовска.
Таа се заблагодари на поддршката којашто во изминатиот период ја доби одскопјани и од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, дополнувајќи дека ги повикува и сенадева на поддршката од Алијанса за Албанците и Алтернатива, од сите скопјани, но и одсимпатизерите на СДСМ.
„Сакам да истакнам дека јас член на политичка партија до сега не сум била, ниту сум и тоасе факти. Други факти поинакви од ова нема. Ја објавив својата кандидатура каконезависен кандидат којшто претендира да биде градоначалник на градот Скопје.Најважно од се, верувам дека ќе ја добијам поддршката на скопјани, а уште поважно,поддршката ја барам и од симпатизерите на СДСМ”, вели Данела Арсовска, дополнувајќидека во оваа градоначалничка трка влегла затоа што верува дека ги поседува сите ониеквалитети коишто се неопходни и потребни за квалитетно менаџирање на градот.