Арсовска: Советниците се виновни зошто скопјани чекаат по 40 минути на автобуските станици

од Nikola Popovski
393 прегледи

Имате систем прилагоден на градот и населението од пред 40 години и ништо не е сменето од тогаш.Сега сакаме да направиме нов поквалитетен систем и некој го саботира за да процесот трае подолго, за да луѓето се иритираат и чекаат по 30-40 минути на автобуските станици, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во емисијата „Студио 10“ за пропаднатите обиди за набавка на нови автобуси во градскиот јавен превоз.

Според Арсовска, инволвираните луѓе имаат лична одговорност.

-Секој жител и граѓанин на Скопје треба да знае дека чека по половина час на автобуските станици токму поради овие советници . Досегавме ќе имавме реформиран автобуски превоз и ќе продолжевме кон фазата на бесплатен јавен превоз, доколку имавме конструктивни советници, а не луѓе што им служат на своите лидери и партиите, кажа градоначалничката.

Арсовска информира дека Буџетот на Град Скопје е најмал во регионот, односно десетпати помалку од било која друга метропола во регионот.

Слични содржини