Арсовска: Советниците ќе се предомислат, ќе го остварам ветувањето Скопје да добие ефикасен и еколошки јавен превоз

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во интервју за МИА посочи дека во овој момент Градот Скопје е фокусиран да најде квалитетно системско решение и да изготви реформа во јавниот превоз, којашто, според неа, мора да биде нешто што ќе го опфати целиот град и сите места каде што сега или ретко или пак воопшто не сообраќаат автобуси. Нагалсувајќу дека повеќе од 40-тина година не е направена сообраќајна студија во Градот, Арсовка вели дека на скопјани треба да им се понуди еден концепт со којшто трајно ќе биде решено сето она што го имале како проблем или како предизвик.

Во врска со одлуката на градскиот Совет да не го поддржи предлогот за задолжување на Градот Скопје за набавка на нови еколошки автобуси, Арсовска смета дека во овој случај одговорноста паѓа на советниците, кои ги прават тие „кочници“ од политичка природа.

– Јас не верувам дека кој било од тие советници лично смета дека не е добро скопјани да добијат ефикасен и еколошки јавен превоз, рече Арсовска, изразувајќи уверување дека на следната седница на градскиот Совет, што треба да се одржи кон крајот на месецов, советниците ќе го подржат тој предлог и дека до крајот на годината ќе може да го исполни ветувањето дадено на скопјани за обебзедување еколошки автобуси.

Слични содржини