Арсовска стави клуч, ракометарите на Македонија Ѓорче Петров тренираат на отворено

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

Спортската сала во средното училиште Кочо Рацин во Ѓорче Петров која со години ја употребуваа ракометарите од ракометниот клуб Македонија Ѓорче Петров, веќе не им е достапна, откако градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје решија да ја стават вон употреба затоа што како што им било кажано во клубот, истата, била нефункционална и небезбедна за идни натпревари.

Револтот кај љубителите на ракометот е огромен, а со свој став се огласи и РК Македонија Ѓорче Петров.

„Ниту една бирократска процедура, ниту една инспекција, ниту следните чекори, ниту… нема да го скрши Ѓорчепетровскиот непокор. Се што нема да го убие само ќе го направи посилен лавот!!! Ги започнавме подготовките, пак на отворено, а салата нека седи затворена за клубовите од Ѓорче Петров. Не се плашат од ништо ниту сениорите ниту најмалите, просто нема што да не исплаши. Борбата продолжува!!!“, стои во објавата на ракометниот клуб, каде се објавени и фотографии и видеа како младинските категории своите тренинзи ги одржуваат на паркингот пред спортската сала.

Слични содржини