Арсовска: Тоа што нивелиравме 62 шахти е наша гордост

од Берта Китинска
193 прегледи

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, денеска демантираше наводите на СДСМ дека е нивелирана само една шахта откако ја има превземено функцијата.

„Досега се нивелирани 62 шахти, а тоа е нешто што треба да биде нивен срам, а наша гордост. Со тоа се намалуваат оштетувањата на автомобилите, кои во минатото биле предизвикани затоа што не биле соодветно поставени долж коловозите. Оваа активност продолжува, овие проблеми не треба да бидат најгласни кога некој ги решава“, рече денеска Арсовска на отчетот.