Арсовска треба да научи дека не може да користи услуги без да ги плати, кажаа од ВМРО-ДПМНЕ

Не поминуваат детските досетки на Данела, порачаа од Белата палата

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Данела Арсовска, нејзината неспособност и коалицијата со СДС и ДУИ ќе го остават Скопје повторно без јавен превоз, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

1. Данела Арсовска треба да научи дека не може да користи услуги без да ги плати.

2. Пуцко Петрол е дел од ДУИ, со кои таа е во коалиција.

3. Пуцко Петрол е дел од постапка за која беше и во притвор, и тоа говори колку оваа власт сака да расчисти со такви структури. А од притвор го спасија менторите на Арсовска, судиите на СДС и ДУИ.

4. Против Пуцко Петрол има постапка за која тој ќе одговара.

Не поминуваат детските досетки на Данела, таа треба да почне да плаќа тоа што троши, а не да фабрикува хаос со нејзините пријатели од ДУИ и СДС, велат од Белата палата.

Слични содржини