Арсовска тврди дека нема партија: „Партиски војници не можам да вработувам“

од Nikola Popovski
233 прегледи

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска денеска демантира дека склучила партиски вработувања во администрацијата на главниот град.

-Само сакам ако може да се изолираме од овие глупости со партиски војници бидејќи тие соопштенија десет месеци ги слушаме, а ниедно лице не е формално вработено во градот Скопје. Така да јас партија немам и според тоа партиски војници не можам да вработувам. Доколку тоа било пракса порано тоа повеќе не продолжува. Ве молам ако може надминете се сите, истакна градоначалничката на седницата на Советот на град Скопје.

 

Слични содржини