Арсовска тврди дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сакаат здружено да го сменат Уставот

од Nikola Popovski

Мое лично мислење е дека тие се фокусираат да прават хаос низ градот Скопје и да не ги гласаат проектите затоа што сакаат да ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми во државата, а тоа е како здружено да го сменат Уставот, изјави вчера градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостувањето на емисијата „Топ тема“, изнесувајќи критики кон СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовска вели дека причина за тоа е што од самото осамостојување на државата, „на граѓаните им се продава гол популизам од страна на секој премиер, министер и градоначалник“.

Градоначалничката сепак потенцира дека како „знае и умее ќе ги реализира сите оние проекти кои што ги има ветено пред граѓаните“.

На новинарско прашање таа не одговори зошто така брзо се распаднала соработката со ВМРО-ДПМНЕ откако беше поддржана на локалните избори ниту сакаше да го подобјасни обвинувањето срочено низ фразата „фатени со рачињата во медот“.

Слични содржини