Јас лично сум уморна од партизација и затоа ги повикувам сите скопјани да гласаат за мене. Градоначалникот треба да е сервис на граѓаните, без разлика на партија, вера, националност, вели претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, која ја објави својата кандидатура како независен кандидат за градоначалник на град Скопје.
Според неа, таа ја побарала поддршката од неколку партии, но ја радува фактот што се поднесени повеќе независни кандидатури.
-Верувам дека неопходните потписи ќе ги соберам. Затоа ги повикувам сите граѓани од утре да се осмелат и да го дадат мојот потпис за мене, вели Арсовска во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.
Таа потенцира дека не би се кандидирала доколку нема чисто портфолио.
-Како човек ќе имаме позитивна и достојна кампања. Очекувам поддршка од цела Македонија и луѓето за кои сум се борела. Контурите на тимот ги имам и доаѓаат од сите сектори на општествениот свет, културата, спортот, екологијата…Д-р Виктор Камнар е дел од мојот тим, информира Арсовска и додава дека во првите 2 години, доколку победи, ќе ги оствари сите проекти што ќе ги вети во програмата, а не тоа да бидат на крајот на мандатот.
-Очекувам победа на изборите, затоа и се кандидирам, потенцира Арсовска.