Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска е категорична дека бесплатен јавен превоз ќе има.
-Јас упорно го повторувам тоа и покрај сите манипулации кои што од страна на политичките опоненти, за кои што не би требало јас да сум им противник како градоначалничка. Ќе се реализира програмата како што е напишана и тие добро го знаат тоа, етапно во фази и преку прилагодување. Треба да се овозможи за граѓаните да си ги добијат ветените проекти, нагласи Арсовска во емисијата „Вин-вин“.
Градоначалничката се пожали дека цело време е напаѓана со дегутантни квалификации.
-Ме напаѓа група пуштена од ланец и атакуваат. Јас сум предмет на напад секој ден во изминатите 120 дена. Не ме тангира, но сакам да кажам дека тоа што се зборува не е вистина. Ќе покажам дека сум вистинскиот избор, смета Арсовска.