Арсовска во ноември ќе биде домаќин на над 100 градоначалници од целиот свет

од Vladimir Zorba
2,2K прегледи

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во ноември годинава ќе биде домаќин на над 100 градоначалници од целиот свет, во рамки на Годишниот самит на Глобалниот парламент на градоначалници кој во 2023 година ќе се одржи во земјава.

-Одлична средба и разговор во Вашингтон со Амбасадор Нина Хачигиан, Специјалниот претставник на Стејт Депарментот во САД за градска и државна дипломатија која го води и координира ангажманот на Стејт департментот со градоначалниците од САД и ширум светот, за градење релации меѓу градовите со цел соработка за иновативни решенија, инвестиции и размена на меѓународни искуства. Горда сум што како Градоначалник на Град Скопје и дел од раководството на глобалната мрежа на градоначалници, Скопје во ноември ќе биде домаќин на над 100 градоначалници од САД, Европа, Азија, Блискиот Исток, Африка и што како платформа ќе отпочнеме со заеднички проекти за надминување на предизвиците со кои се соочуваме, особено преку соработка за грижата кон сите граѓани, инклузивност, одржливост и инфраструктура, истакна Арсовска при посетата на САД.

Глобалниот парламент на градоначалници преку вклученоста во Обединетите Нации, ОЕЦД и бројни меѓувладини институции, ги промовира и спроведува предлозите на градоначалниците, црпи искуства од успешно спроведените активности од градоначалниците ширум светот, и гради политики со оглед на тоа што градовите со својот придонес од над 85% во БДП имаат клучна улога на глобално ниво.

Слични содржини