Арсовска: Во „Треска“ има и цистерна со 20 илјади литри нафтени деривати

од Nikola Popovski
228 прегледи

Во „Треска“ се случи пожар, кој што беше изгаснат навремено од Противпожарната служба на град Скопје. Јас сум горда на нив, што брзо го локализираа, без ниту една жртва. Согласно она што ги има како индиции од таму, надлежните институции ќе си преземат мерки за да се превенира ова и доколку има сторители, тие да бидат казнети, вели градоначалничката Данела Арсовска во емисијата „Само вистина“.

Според неа, доколку се докаже дека пожарот е со намера, треба да се преземат најстроги санкции.

-Од она што ни беше посочено од присутните граѓани кај фабриката дознавме дека многу често има лица кои гравитираат на овој потег и вршеле одредени палења. Од командирот од Противпожарната бригада на Скопје денеска дознавме дека таму освен што имало запаливи материи и магацини со такви метарии, туку и полна цистерна со обем од 20 илјади литри нафтени деривати, која е голема опасност и го загрозува животот. Доколку постои ризик, мора да се превенира. Ќе повикаме уште утре да се преземе нешто. Треба и поголем број државни органи да направат нешто, информира Арсовска.

Слични содржини