Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска им даде поддршка на вработените во ЈСП Скопје кои штрајкуваат поради неисплатената плата за декември 2023 година. Градоначалничката од седницата на Советот на Град Скопје додаде дека вработените работат макотрпно и си ја заслужуваат платата.
На вонредната седница на Советот, советниците треба да расправаат по однос на исплата на субвенции за јавното претпријатие.
Арсовска истакна дека во 2014 година, во ЈСП имало 1496 вработени, наредната година 1523, а во 2023 имало 1298 вработени.
-Вработувањата не се зголемени. Расчистени се оние кои што не одеа и не работеа. Само тековно работење. Тоа треба да каже за ефикасноста и со 300 лица помалку, додаде градоначалничката.
Таа упати апел до советниците да гласаат за одлуката, за вработените да можат да ја земат декемвриската плата.