Арсовска за Ѓорѓиевски: Срамно е да плаче на прес-конференции и да се жали – наместо да глуми храброст пред камери, нека ја докаже

од Nikola Popovski
753 прегледи

Градоначалникот на општина Кисела Вода, кој освен што е функционално неписмен, нема ниту основна култура на однесување, вака велат од Град Скопје како реакција на денешната прес-конфенренција на првиот човек на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Како што информираат од градската администрација, имотот на парцелата на ЈП „Дрисла“ е во сопственост и основана од страна на Советот на град Скопје е во директна надлежност на градот Скопје.

-Оттука, произлегува дека т.н. „правен тим“ на Ѓорѓиевски е значително помалку едуциран за проблематиката за која е советуван градоначалникот. Негов е проблемот пак, што ја прифатил ваквата сугестија. Она што ме радува пак од прес конференцијата на Ѓорѓиевски е фактот што тој денес призна дека токму ВМРО-ДПМНЕ во содејство со отпадници од владејачката ДУИ и СДСМ се организатори на блокадата на работата на КХС., соопштија од Град Скопје.

Изразуваат и жалење за, како што велат, ноторните лаги на Ѓорѓиевски, кои пак произлегуваат „од неговата функционална неписменост“.

-Општина Кисела Вода нема никаков договор со Дрисла, напротив, барањето за склучување на договор е испратено до ЈП Дрисла вчера на 11.07.2023 година. Договор има компанијата „Анизор“ која е ангажирана преку тендер од страна на општина Кисела Вода за одлагање на отпад во ЈП „Дрисла“ со која никогаш немало никаков проблем. Но, би сакале да го потсетиме Ѓорѓиевски дека вечерта кога го истураше отпадот пред ЈП „Дрисла“ самиот изјави дека тој чин го прави под „целосна сопствена одговорност“. Оттука, срамно е да плаче на прес-конференции и да се жали, наместо тоа, нека остане барем на едно ветување дадено пред јавноста – овој пат наместо да глуми храброст пред камери, нека ја докаже, велат од Кабинетот на градоначалничката Арсовска.

Ѓорѓиевски најави дека ќе ја оспори казната од 84.000 евра за истуреното ѓубре пред „Дрисла“ на суд и информираше дека за одлагање на отпад во депонијата нема потреба од никаков договор бидејќи има одлука во 2005 година дека сите општини можат во секое време да одлагаат во депонијата и да им се изработи фактура и да им се наплати.

-Дали оваа нејзина постапка значи дека утре сабајле Арсовска може да стане од спиење и да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи, па да казнува луѓе по улиците и да апси? Госпоѓата не ги знае надлежностите и ингеренциите. Иако докажа дека нема капацитет за водење на градот и не знае да се справи со предизвиците, со ова покажа дека не ја знае територијата, со која администрира. Зошто им требаа 12 месеци на новото раководство на „Комуналец“, а на градоначалничката речиси две години дека луѓе не оделе на работа, а земале плата? која била позадината и зошто ги штителе изминативе години? Сите знаеме дека после три дена отсуство од работа, следува отказно решение, додаде градоначалникот.

Слични содржини