Арсовска за протестите на приватниците: Ако некој сметал дека некој му должи, можел да тужи

од Nikola Popovski
168 прегледи

ЈСП на почетокот од мандатот работеше со 140 исправни возила. Во овие изминати 12 месеци се ставија во функција и во моментов имате 270 исправни возила. Имаме систем по кој се следат. Тука сме во интерес на граѓаните. Си има договорни обврски, некој не ги почитува, некој не вози во интерес на граѓаните и договорите се раскинати. Ќе си има нов јавен повик и сите што ги исполнуваат условите, ќе можат да возат, рече денеска градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска на седницата за советнички прашања во Советот на Град Скопје.

-Не сакам да има манипулации. Директорот на ЈСП редовно ги плаќал. Го поддржувам правото на протест секој кој смета дека преку тоа ќе го оствари својот интерес. Единствените кои губат во случајов се граѓаните. Затоа апелирам да ги заштитите граѓани и јавниот интерес, а не нечиј џеб. Ние до сега немаме добиено ниту една опомена на тужбаод оние кои тврдат дека им се должи, затоа не сакам да се манипулира. Ако некој сметал дека некој му должи, можел да пушти опомена пред тужба и можел да тужи. Ова не сметам дека е вистинскиот начин. Со уцени не треба да дозволиме да се функционира. Сега во моментов некој го блокира превозот, рече Арсовска од собраниската говорница во Советот на град Скопје.

Слични содржини