439
Во два дена наидовме на многу предизвици во градска каза. Поентата е да ги пренамениме проектите со ненаменски трошоци, изјави денеска градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска за тоа зошто градот го раскинал договорот за новогодишното украсување, потпишан во септември од страна на нејзиниот претходник, Петре Шилегов.
Според неа, во однос на ова прашање треба да се слушаат граѓаните.
-Вчера имаше големи реакции и граѓаните сметаат дека трошоците за украсувањето се непотребни. Неопходни се сите чекори за справување на кризата. Треба да почнеме со штедење на средствата, порача Арсовска.