Арсовски: Боди-камерите не се за целата администрација

од Берта Китинска
229 прегледи

На новинарско прашање за предлогот за снимање на постапките на државните службеници, портпаролот на Владата, Душко Арсовски истакна дека предлогот за поставување на видео надзор и боди-камери е изнесен на вчерашната владина седница, како една од опциите и механизмите за превенирање од коруптивни дејствија и јакнење на транспарентноста при вршење на работните задачи и обврски во институциите.

„Ова не се однесува на целата администрација, туку на пример за службениците кои вршат контрола, надзор и посебни овластувања особено во процесите кои што не можат да се дигитализираат и вклучуваат неопходно учество на човечкиот фактор. Секако, дека овој предлог во следниот период детално ќе се истражи и анализира од аспект на негова имплементација, опфатот на службениците, обезбедување на сигурноста и приватноста на граѓаните, како и техничките и законските можности”, посочи Арсовски.

Тој истакна дека дигиталната трансформација на процесите е врвен приоритет на Владата, како клучен механизам за сузбивање на корупцијата, за брзи и ефикасни услуги кон граѓаните, за институции во служба на граѓаните.

Слични содржини