Арсовски: Дали тим од МНР заминал на тајни преговори во Софија за францускиот предлог?

од Nikola Popovski
224 прегледи

Дали денеска има тим од Министерството за надворешни работи пратен во Бугарија да преговара за францускиот предлог? Дали тимот денеска преговара за предлогот да биде ставен во протокол за ЕУ?, праша денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес-конференција.

Арсовски побара премиерот, шефот на дипломатијата и вицепремиерот за европски прашања да одговорат „што работат и што преговараат тајно по ова прашање поврзано со францускиот предлог“.

-Благодарение на ВМРО-ДПМНЕ и притисокот кој што беше најважен, планот на Ковачевски, Османи и Маричиќ, предлогот веднаш да помине во двете собранија не се случи, во Република Македонија заради притисокот за кој што споменав претходно, а во Бугарија заради оставката на тамошниот премиер, смета портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини