Секојпат кога го отвораме Уставот, ние имаме Пандорина кутија и секојпат ја имаме истата дебата, бидејќи немаме нормална процедура низ која разговараме за карактерот на државата. Економијата и Бугарите во Уставот не се неповрзани работи. Отворањето на поглавјата на преговорите со ЕУ директно влијаат на квалитетот на граѓаните и отвораат на Македонија пристап до предпристапните фондови, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски за најавената лидерска средба што треба да се одржи во Собранието во понеделник на 7-ми ноември.
Според него, што повеќе барање и подолг список на барања пред оваа лидерска средба, се помали шанси за да се постигне некаков консензус.
-Проблемот со отворањето на Уставот не е кај албанските партии, доколку СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договорат за внесување на Бугарите во Уставот. Сигурен сум дека меѓународната заедница ќе изврши притисок врз албанските партии, за своите барања ги стават ад акта, додека не се заврши овој акутен проблем, што двете мнозински македонски партии се немаат договорено за таа агенда, рече Арсовски во емисијата „24 анализа“.