Арсовски: Дозволата за градбата спроти „Холидеј ин“ се префрлуваше како топка

од Nikola Popovski
342 прегледи

„Џабе лажење цели 3 години. Затоа ќе бидат казнети на овие избори. И сега кога видоа дека не можат да излезат од сопствените лаги коишто влегоа, веднаш ги ставаат во функција обвинителство, судство и сите останати дека ќе барале криминал. Сето ова само за да ја замаат јавноста и да префрлат одговорност кај институциите“, изјави денес на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски за дадената градежна дозвола, да се гради на атрактивната парцела во строгиот центар на Скопје.

Тој обвинува дека најпрвин „топката се префрлувала од Шилегов кај Богдановиќ, Богдановиќ кај Бочварски, Бочварски кај куририте за некои си писмо што не стигнало до општината, за на крај да сфатат дека не можат повеќе да ги лажат граѓаните на Ново Маало, Центар и Град Скопје и да ги издадат потребните дозволи за градба“.

Фирмата „Фешн груп“ и Македонската православна црква (МПЦ-ОА) можат да почнат со градење на првата од трите кули кај „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје. Барањето за добивање градежна дозвола е станато правосилно,  односно потпишана е градежна дозвола од градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и сега инвеститорите немаат никакви пречки да почнат со градба.

Слични содржини